Иновација за домаќинство: Машинка за виткање сарми

281

dolmer naslovna

Секоја домаќинка ужива подготвувајќи храна за своето семејство, но тоа понекогаш може да одзема многу време и енергија. На пример, сармите се едни од омилените јадења на многу семејства, но на домаќинките им се потребни и неколку часа за подготовка на овој вкусен специјалитет.

dolmer 1

dolmer

dolmer 2

dolmer 3

Руската компанија Askar на сите домаќинки им нуди одлично решение за виткање сарма од лозов и лист од зелка. Станува збор за уредот Dolmer, што виткањето на сарми го прави лесно, брзо и едноставно. Листот од зелка и лоза се поставува на предниот дел од Dolmer, потоа се додава полнењето од мелено месо или ориз, по желба на домаќинката.

dolmer 5

dolmer 6

Овој уред може да послужи и за подготовка на други специјалитети, како што се виткани палачинки, тенки листови пршута и слично.