Иновативна мобилна кујна

6

luksuz-enterijer-kuhinja-dizajn-prenosiva-kuhinja (2)
Оваа кутија во себе крие една цела мини кујна со сета потребна опрема. Нејзиното име е Camp Champ, а опишана е како паметна, компактна и мобилна кујна којашто ќе ги надмине очекувањата.

Во себе содржи прибор за шест луѓе и сè што е потребно за да се зготви јадењето, од зачини и садови до апарат за кафе и отворач за шишиња.

Кога е склопена, кујната е многу стабилна и отпорна на вибрации и удари, така што може безбедно да се пренесе каде што ќе посакате.

Camp Champ е дело на австриски дизајнери, а идеална е за градини, пикник, долги патувања, патувања со брод и слично.

Може да се користи и во викендици, покрај базени, во дворови или каде што ќе посакате да направите еден вкусен оброк.

luksuz-enterijer-kuhinja-dizajn-prenosiva-kuhinja (3)
luksuz-enterijer-kuhinja-dizajn-prenosiva-kuhinja (1)