Иноватор од БиХ конструира машина за нижење на тутун

484

bih

Младиот Анте Алпеза од Груде, БиХ, конструираше машина за нижење тутун, за да им ја олесни работата на одгледувачите на ова растение. Со машината што ја осмисли овој средношколец, времето за нижење значително се скратува. Ако за нижење на еден венец со игла и конец се потребни 15-20 минути, со машината целата работа е готова за седум минути, а може и побрзо ако работат двајца, односно ако оној што ниже има помагач кој ќе му ги подава листовите, објаснува Анте за Klix.ba.

Наместо традиционално нижење на тутунот, кога со игла се прободува секој лист поединечно, со оваа машина се земаат по неколку листови наеднаш и во делот кај коренот се ставаат меѓу два конци, кои потоа се увртуваат и рачно се стегаат со ротирачка рачка. Така листовите остануваат цврсто врзани и подготвени се за сушење.

Изумот веќе е патентиран во општината Груде, а продажната цена му е 255 евра. Машината тежи 35 килограми, лесно се пренесува и се расклопува.