Инoвации за општествено-социјални промени на Startup Weekend Skopje 2024!

258

Со задоволство најавуваме дека годинашниот Startup Weekend Skopje ќе се одржи од 1-ви до 3-ти ноември и ќе го сврти вниманието кон една од глобалните актуелни теми – Social Innovation. Овој тродневен настан претставува мотивациска средина за млади претприемачи, креативци и ентузијасти да ги презентираат своите идеи и да креираат иновативни решенија за најважните социјалнo-oпштествени предизвици.

Startup Weekend Skopje, е поддржан од Google for Entrepreneurs и дел од глобалната мрежа на Techstars Startup Weekend, кој се организира во повеќе од 159 земји и низ кој поминале над 430,000 млади претприемачи. Procredit Banka Skopje заедно со MasterCard и оваа година се главните спонзори на Startup Weekend Skopje 2024.

Социјалната иновација претставува процес на создавање нови идеи кои водат кон системски промени и општествени придобивки. Во текот на овој настан, учесниците ќе работат заедно на решавање на проблеми поврзани со здравството, едукацијата, заштитата на животната средина, јавните услуги и слично. Тимовите со помош на новите технологии и вештачката интелигенција ќе дојдат со идеи кои ќе се трансформираат од концепти во конкретни и остварливи проекти, со помош на водечки локални и меѓународни ментори и експерти.

Зошто оваа година Startup Weekend Skopje 2024 ја одбра темата „Социјална иновација“?

Светот перманентно се соочува со комплексни социјални и еколошки проблеми, потребата за иновации кои можат да донесат значајни и одржливи промени е од витално значење. Startup Weekend Skopje 2024 ќе обезбеди уникатна можност за учесниците да ги развијат своите идеи во динамична и колаборативна средина. Преку овој настан, ќе се поттикнуваат идеи кои нудат решенија насочени кон создавање позитивен социјален импакт и подобрување на животниот квалитет на сите засегнати заедници.

И оваа година Startup Weekend Skopje 2024 ќе обезбеди поддршка и ресурси за учесниците да ги трансформираат своите идеи во успешни и одржливи проекти. Социјалната иновација значи користење на креативноста и технологијата за адресирање на социјалните проблеми, претворајќи ги иновативните идеи во вистински решенија кои ќе ги направат општествата поодржливи и инклузивни .

Покрај можноста за создавање на позитивен социјален импакт, овој настан е одлична прилика за младите професионалци и стартап ентузијасти да се вмрежат, да формираат тимови, да научат нови вештини и да се инспирираат од експертите и визионерите кои ќе го споделат своето искуство и знаење и ќе им помогнат во развивање иновативни бизнис идеи насочени кон решавање на социјални предизвици.

Локацијата на одржување на Startup Weekend Skopje 2024 и оваа година е централната експозитура на ProCredit Banka Skopje, која е одговорна финансиска иниституција и секогаш поддржува настани и компании  кои се грижат за позитивен социјален импакт. Воедно, Procredit Banka Skopje заедно со MasterCard се главните спонзори кои ја шират истата страст и визија за подобра иднина со Startup Weekend Skopje 2024.

Минатите изданија на Startup Weekend Skopje не само што креираа успешни претприемачки потфати, туку и го мотивираа општеството да размислува на нови начини за решавање на предизвиците. Оваа година, очекуваме уште поголем интерес и инспиративни проекти кои ќе донесат значајни промени.

Startup Weekend Skopje 2024 ги поканува сите иноватори, стартап ентузијасти, програмери, дизајнери, млади претприемачи, социјални работници да се придружат и да бидат дел од оваа иновативна авантура. Набавете ги вашите карти (ЛИНК ДО КАРТИТЕ) и приклучете се кон мисијата за создавање на подобри социјално-општествени услови.

За повеќе информации и детали, следете ги нашите официјални профили на Facebook и Instagram.