Инспиративни цитати за почеток на 2018 година

34

godina

Фото: Pixabay

Ако барате некоја инспирација да ја започнете 2018 година, прочитајте ги следниве инспиративни цитати од светски лидери, интелектуалци, претприемачи кои ја споделија својата мудрост и совети.

Што и да правите, внесете се целосно, со својата глава, срце и раце“, Индира Нои, извршен директор на Pepsi.

Едно дете, еден учител, една книга, едно пенкало може да го променат светот“, Малала Јусафзаи, добитник на Нобелова награда за мир.

Научив дека храброста не е отсуство на страв, туку негова победа“, Нелсон Мандела, поранешен претседател на Јужна Африка.

Нема големи достигнувања без ризик“, Нил Армстронг , космонаут.

Паѓајте седум пати и застанете осум“, анонимен автор.

Сè има убавина, но не може секој да ја види“, Конфучиј, филозоф.

Кога го започнувате своето патување, прво нешто што треба да направите е да ја фрлите картата што се ја купиле и да почнете да ја цртате сопствената“, Мајкл Дел, претприемач.