Инстант прозорци како брзо и практично решение

22

Швајцарскиот дизајнер Рето Тони, дизајнираше привремен, инстант прозорец што може да ја поправи настанатата штета на домовите, во земји каде владеат немири. За оваа цел тој работеше заедно со хуманитарецот и пријател Венделин Федерер, а проектот е наречен Instant Windows.

Инстант прозорецот се извлекува од “цевка“ како ролна и е прилично евтин за изработка. Се мести за брзо време и нуди изолација слична како кај прозорец со еден панел, пишува Dezeen.

Изолацијата се создава со помош на два слоја на пластика, а единствен алат што е потребен за нивно местење се ножици. Корисникот треба само да го исече вишокот на материјал од ролната.

Инстант прозорците се транспарентни што овозможува влегување на светлина.

Дизајнерот бара партнери за имплементирање на проектот, а производот моментално се тестира на оштетени куќи во Јордан.

Фото: Instant Windows