Корпорацијата Интел ги објави победниците на Intel Business Challenge Europe 2012, натпревар за бизнис план во областа на технологијата кој помага да се откријат и поддржат најдобрите студенти и дипломци во Европа. Натпреварот се организира истовремено со European Forum for New Ideas (Европски форум за нови идеи), кој на едно место соединува политичари, академици и деловни водачи да дискутираат за иднината на Европа. Целта на Интел бизнис предизвикот е да ја формираат новата генерација претприемници и да го збогатат друштвото на иноватори со талентирани млади луѓе кои имаат страст добрите идеи да ги претворат во одличен бизнис.
На петте победници им се подели наградата во износ од 50.000 долари и им ја врачија поранешниот претседател на Европскиот парламент, Џерзи Бузек и потпретседателот и директор на Интел Европа, Блискиот Исток и Африка. Победниците ќе ја претставуваат Европа на финалето на Глобалниот Интел предизвик 2012 на Универзитетот Беркли во ноември 2012 година. Победничките екипи прикажаа технолошко решение кое може да прерасне во бизнис преку претставување на неговите вредности, бизнис план, како и потенцијалниот пазар пред жири составено од инвеститори, бизнисмени, академици и експерти од индустријата.
Првата награда во износ од 25.000 долари беше доделена на Biosyntia од Данска за нивниот придонес за помагање на хемиските производители да мигрираат од хемиско кон биолошко производство и истовремено да ги намалат трошоците и емисијата на јаглерод диоксид. Екипата Imagga од Бугарија ја освои втората награда од 15.000 долари за развивање на серија производи кои го автоматизираат процесирањето на слики во cloud компјутерот. Третата награда и припадна екипата Black Silicon Solar од Шведска за нанотехнолошкиот производен систем за соларни ќелии кои ја прават цената на соларната енергија конкурентна со фосилните горива во иднина и IRSee од Данска за систем за инфрацрвена хемиска анализа. Екипата SmartSwitch од Франција ја освои наградата на инвеститорите за безжичнен прекинувач без батерии, кој работи на енергијата од телесната топлина.
“Иновацијата е камен-темелникот на 21-иот век во однос на конкуренцијата и затоа е неопходно да се пронаоѓаат начини да се одржува претприемничкиот потенцијал”, изјави Кристијан Моралес.
Ова е седма година како се одржува Интел бизнис предизвикот во Европа и се докажува дека во соработка со невладиниот сектор, академиците и владите низ Европа може да се поттикне претприемништвото и да се одведат младите на правиот пат да станат идните иноватори и работодавци.
Победничките екипи беа дел од 4.000 апликации кои пристигнале на Предизвикот и се натпреварувале на повеќе од 20 државни натпревари на повеќе од 20.000 студенти од Европа и Израел. Потоа тие успешно ги поминале двете рунди од кои се одбрани 24 екипи кои се натпреварувале во Сопот, Полска. Сите учесници добиваат обуки и поддршка во текот на подготовките за да ги подобрат своите идеи, да направат остварливи бизнис планови и да ги подготват презентациите со цел да привлечат внимание и инвестиции.
Интел бизнис предизвикот е организиран во соработка со Junior-Achievement-Young Enterprise и Investin. Овогодинешните победници ќе се натпреваруваат со финалистите од САД и APAC за меѓународната награда на Глобалниот Интел предизвик во Беркли. Покрај паричните награди и место во глобалното финале, натпреварувачите ќе добијат можност да се запознаат со едни од најпрестижните инвеститори од Силициумска долина.