Извршните директори на Intel и Micron ќе бараат субвенции од американската влада за да го поттикнат производството на полупроводници. Шефовите ќе ги претстават своите барања пред Комитетот за трговија на Сенатот, објави Ројтерс.
Шефот на Intel, Пат Гелсинџер, се очекува да го информира комитетот дека „има итна потреба федералната влада да стимулира повеќе инвестиции од приватниот сектор во Соединетите држави“ за промовирање на одржлив и иновативен екосистем на полупроводници.
Извршниот директор на Micron, Санџај Мехротра, подготвил говор во кој се вели дека одобрувањето на субвенциите за чипови од 52 милијарди американски долари „ќе ги зголеми инвестициите во развојот на работната сила, истражување и развој, иновации и проширување на производството во блиска иднина“.
И Сенатот и Претставничкиот дом усвоија предлог за ново законодавство со кое се обезбедуваат 52 милијарди долари субвенции за производство на чипови. Новата одредба е позната како „CHIPS Act”. Тоа е индиректно поврзано со одредбите што американската влада ги донесува со цел промовирањето на американското наспроти кинеското.
„Ситуацијата во Америка сега е итна“, рече министерката за трговија Џина Рајмондо. „Треба да ја намалиме нашата зависност од други земји, вклучително и Тајван, за снабдување со чипови, а начинот да го направиме тоа е да правиме повеќе чипови во Америка“.
Micron ги објави плановите да инвестира повеќе од 150 милијарди долари на глобално ниво во следната деценија. Компанијата ќе инвестира во производство на мемории и во истражување и развој. Таа размислува за изградба на нови погони во САД.
Ова „бара тесна координација со федералните и државните политики за да се обезбеди економска исплатливост на операциите“, се вели во соопштението. Во белешката се наведува и дека „ќе биде потребна значителна сума на федерално финансирање“.
Intel неодамна објави дека планира да инвестира 20 милијарди долари во Охајо за изградба на две нови мега фабрики. Тие би можеле да пораснат на осум и да имаат финансирање од 100 милијарди долари, под услов да добијат поддршка од „CHIPS Act”, рече Хелсинџер.
Двете технолошки компании, како и претставниците на другите индустрии, најверојатно ќе инсистираат на тоа дека владините субвенции се важни не само за чиповите, туку и за „целиот синџир на вредност“. На пример, шефот на PACCAR, Престон Фејт, ќе и каже на комисијата дека индустријата за камиони е принудена да им плаќа на брокерите „20 до 30 пати“ повеќе трошоци според договорите за набавка на чипови.