Интел му помага на Стивен Хокинг побрзо да зборува

44

hokingБританскиот физичар Стивен Хокинг сега ќе може полесно да дискутира со своите колеги, откако е унапредена технологијата која му овозможува говор. Влошувањето на состојбата, предизвикано од дегенеративната болест ALS (amyotrophic lateral sclerosis), доведе до тоа да може да склопува реченици со брзина од еден збор во минута. Меѓутоа, тим на експерти од Интел креираше уред за кој веруваат дека ќе му овозможи на Хокинг да ја зголеми брзината на пет, па дури и на десет зборови во минута.

Хокинг последните 10 години ги конструира речениците со помош на движење на образите коешто го чита компјутер, буква по буква. Потоа компјутерот чита што напишал научникот. Но, како што напредува болеста, на Хокинг му е се потешко да ги движи образите и овој процес е многу успорен.

Интел на новиот уред работи од 2011 година. Новиот систем користи технологија на препознавање на лице, кој регистрира движење на образи, веѓи и уста.