Intel создаде камера со вештачка интелигенција што детектира натрапници во резервати

24

Фото: Intel

Американскиот производител на електроника, Intel создаде мала камера што детектира движења на луѓе и автомобили и испраќа сигнализација до чуварите на резервати во случај на нелегален пристап.

Уредот е создаден со цел да се спречи ловење на диви животни што е во поголем подем и е причина за истребување на одредени видови.

Камерата, наречена TrailGuard AI, користи вештачка интелигенција, а зад нејзината идеја стои Resolve, непрофитна организација за заштита на диви животни во Африка. Голема е колку едно пенкало што дозволува местење било каде, во грмушка на дрво и доколку “забележи“ движење автоматски фотографира и ја испраќа сликата до надлежните.

Според креаторите, камерата е “тренирана“ да алармира доколку забележи вистински проблем, со цел да им заштеди време на чуварите. Малиот чип вграден во неа ги напојува сите елементи, со што се овозможува камерата да работи до 18 месеци, притоа заштедувајќи и енергија.

TrailGuard AI ќе биде обезбедена во вкупно 100 резервати во Африка од оваа година, по што ќе следува и проширување на услугата во Азија и Јужна Америка.