Марија Шарапова не е само најплатената спортистка во светот и трета рангирана тенисерка, туку е и претприемач, дизајнер, основач на хуманитарна фондација, Амбасадор на добра волја на ОН… На ова додадете и љубител на автомобили и на Порше.
Марија Шарапова (26) е мултимилионски и профитабилен бренд. Договорите со различни светски брендови и носат приходи, кои и дозволуваат да води луксузен начин на живот со скапа облека, автомобили и многу патувања.
Еве неколку интересни факти од нејзиниот живот:
Минатата година заработи 27,1 милиони долари.
Во 2010 година потпиша осум годишен договор со Nike на 70 милиони долари.
Последен во низата договори и е тригодишнинот договор со Samsung.
Минатата година основа компанија за слатки и ја нарече Шугарпова. Продава гумени бонбони во облик на тениски топчиња и други слатки задоволства.
Покрај бизнисот, изгледот и овозможи да зачекори во светот на модата. Беше на неколку насловни страници на познати светски магазини, а овој месец се најде на насловната на Shape.
На својот нов дечко, бугарскиот тенисер Григор Димитров (21), му подари Порше од 105.000 долари. Димитров е рангиран на 28 место.
Претходно Шарапова се забавуваше со Словенецот Саша Вујачиќ, поранешен НБА играч.
На Олимписките игри 2012 година Шарапова го носеше руското знаме, но кога не патува по светот, таа живее во Флорида.