Интересни факти за Heineken што не сте ги знаеле

101

Годинава Heineken го прослави својот 150-ти роденден. Еве неколку интересни факти за ова познато пиво, кое е избрано за едно од трите најдобри во светот.

h2

Љубителите на Heineken уживаат во неговиот вкус уште од 1873.

Пивото Heineken се произведува во 140 пиварници, во дури 71 земја во светот.

h4

По завршувањето на прохибицијата во САД, 4 април 1933, Heineken веднаш испратил цел брод со голема залиха на пиво, на огромно задоволство на Американците.

Во 1963 година Фреди Хајнекен добил идеја од празните шишенца пиво да изгради куќа. За овој проект му биле потребни повеќе од 100.000 шишиња, а дел од таа куќа е сочуван и денес.

h3

Пиварниците на Heineken работели шест години, два месеци, десет дена и шест часа за да произведат Draughtkeg – специјалното мало буренце кое може да се користи во домашни услови.

Некогашната пиварница во Амстердам денес е интерактивно место каде посетителите можат слободно да дознаат нешто повеќе за историјата на ова пиво, како и да пробаат по некоја чашка.

Едно стандардно шише Heineken од 0,3 литри содржи нешто повеќе од 150 калории.

h1

На секое свое шише пиварницата гордо го истакнува освоеното златно место на изложбата во Париз, во далечната 1889 година.

Фото: Heineken