Инвестициска банка „бега“ од Германија: Размислува да ја префрли работа поради страв од прекини на струја

63

Американската мултинационална инвестициска банка „ЈП Морган Чејс“ планира да ја префрли работата што ја има во Германија во Лондон поради страв дека најголемата економија на Европската унија може да загуби струја во наредните месеци, пишува „Телеграф“.

Банката се подготвува да спроведе низа безбедносни мерки за да може да продолжи со работа во случај на прекин на струја во Германија.

„ЈП Морган Чејс“ моментално размислува за решенија како префрлање на активности од својата канцеларија во Франкфурт во Лондон и во други европски градови. Изворот за Телеграф вели дека е можно трансферот на вработените да се случи во сите канцеларии на банката.

JP Morgan Chase, која префрли имот од повеќе милијарди долари од Лондон во Франкфурт пред излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, може да се бори со прекините на електрична енергија со дизел генератори, а беше кажано дека е можно и нејзините работници да кажат дека работат од дома за да се намали потрошувачката на енергија.