Инвестициската компанија на основачот на Zara се свртува кон енергетскиот сектор

128

Pontegadea, инвестициската компанија на основачот на Zara, Амансио Ортега, го диверзифицира своето портфолио и се свртува кон енергетскиот сектор.

Минатата година Pontegadea купи акции во енергетски компании во вредност од повеќе од една милијарда долари, а инвестираше речиси две милијарди долари во недвижен имот ширум светот.

Таа компанија управува со дивидендите што Ортега ги собира од продавниците што ги основал пред речиси шест децении и со помали инвестиции надвор од индустријата што го направи основачот на Зара најбогатиот Шпанец.

Во последните години компанијата посериозно се сврте кон енергетиката. Во 2019 година купи удел во шпанскиот дистрибутер на гас Енагас. Компанијата минатиот месец инвестираше сè уште непозната сума за јавноста во одделот за обновливи извори на енергија во таа компанија и купи удел во соларната централа од Репсол за околу 27 милиони евра.