Инвеститори од Дубаи се подготвени да платат 5 милијарди долари за Ливерпул

81

Компанијата „Dubai International Capita” е меѓу понудувачите за купување на Ливерпул.

Инвеститорите од Дубаи се подготвени да платат пет милијарди долари (4,5 милијарди фунти) на „Fenway Sports Group” која го стави англискиот клуб на продажба по 12 години сопственост.

Ова нема да биде прв обид на „DIC” да го преземе клубот од Мерсисајд, бидејќи компанијата од Дубаи не успеа во 2007 година со понуда од 312 милиони фунти.

Во мај оваа година, Форбс го процени Ливерпул на над 3,5 милијарди фунти, речиси 12 пати повеќе од сумата за која сегашните сопственици го купија клубот во 2010 година.