Инвеститорите во еврозоната и понатаму стравуваат од рецесија

46

Довербата на инвеститорите во еврозоната остана суштински непроменета во август во однос на претходниот месец, при што малото закрепнување е премало за да ги отфрли стравувањата од рецесија во 19-члениот валутен блок, покажуваат резултатите на германската истражувачка компанија Sentix, објавени денеска.

Индексот на Sentix за инвестициската клима во еврозоната се подобри на минус 25,2 поени од минус 26,4 поени во јули, додека економистите во анкетата на Ројтерс предвидоа дека ќе изнесува минус 24,7 поени во август.

„Економската ситуација во еврозоната е сè уште тешка. Сè уште е многу веројатна рецесија“, рече извршниот директор на Sentix, Манфред Хибнер.