iPad-от на Папата Франциско продаден за 30.500 долари

19

Pope-Francis-iPad-600x396Castells, аукциска куќа со седиште од Монтевидео, Уругвај го продаде iPad-от што му припаѓаше на Папата Франциско по цена од 30.500 долари.

Како што велат од Castells, победникот во наддавањето ја дал својата победничка понуда преку телефон.

GTY_pope_francis_ipad_1_kab_150415_16x9_992

Локалните медиуми се заинтересираа за овој iPad минатата година. Папата го подари на свештеник од Уругвај, заедно со заштитниот знак на Неговата Светост Франциско и сертификат за автентичност од Ватикан.

Свештеникот го донираше на локално училиште, пред истиот да биде ставен на аукција за собирање средства.