Ирска го казни Инстаграм со рекордни 405 милиони евра

49

Регулаторот за приватност на податоците во Ирска го казни Инстаграм со рекордни 405 милиони евра по истрагата за тоа како постапувале со податоците на децата, изјавил портпаролот.

Истрагата, што била отворена во 2020 година, се фокусирала на деца на возраст меѓу 13 и 17 години кои можеле да одржуваат деловни профили на Инстаграм, што овозможи објавување на телефонот и/или адресата на е-поштата на корисникот.

„Ја донесовме конечната одлука минатиот петок и таа вклучува казна од 405 милиони евра“, рече портпаролот на ирскиот комесар за заштита на податоци (DPC), главниот регулатор на матичната компанија на Инстаграм, Meta Platforms Inc.

Деталите за одлуката ќе бидат објавени следната недела.

Канцеларијата за медиуми на Мета не одговорила на барањето за коментар.

DPC ги регулира Фејсбук, Епл, Гугл и другите технолошки гиганти бидејќи нивното европско седиште е во Ирска.

Тие отвориле десетина истраги за компаниите на Мета, вклучително и Facebook и WhatsApp.

WhatsApp минатата година беше казнет со рекордни 225 милиони евра поради непочитување на европските правила за податоци за 2018 година.