
Се задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.05.2023 година.
Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за граѓаните кои не користат картички, според распоред во зависност од висината на пензијата и тоа:
· за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.05.2023 година (понеделник);
· за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2023 година (вторник);
· за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2023 година (среда) и
· за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2023 година (четврток).