
Обемот на испораките на руски гас за Кина во периодот помеѓу јануари и април се зголеми за 31,6 проценти во споредба со истиот период минатата година, на 3,32 милијарди долари, објави Генералната царинска управа на Народна Република Кина.
Русија е сè уште првиот извозник на гас во Кина, пред Туркменистан, со пад од 14,3 проценти (на 2,78 милијарди долари), објави Тасс.
На таа листа следат Мјанмар (537,37 милиони долари), Казахстан (261,18 милиони долари) и Узбекистан (143,07 милиони долари).