
Испораките на течен природен гас (LNG) во Европа во февруари изнесуваат 9,74 милијарди кубни метри, што е за 8,1 отсто помалку отколку во јануари и во исто време најниско од септември 2023 година, покажуваат податоците на Асоцијацијата на европски оператори со гас (GIE).
Испораките на ЛНГ од пристаништето до европскиот систем за транспорт на гас од почетокот на 2024 година изнесуваат 20,3 милијарди кубни метри, што е за 6,2 отсто помалку отколку во истиот период минатата година, пренесува ТАСС.
Според податоците на Европската мрежа на преносни системски оператори за гас (ENTSOG) од 28 февруари 2024 година, Европа најмногу ќе користи гас од подземни складишта, со учество од 35 проценти.