Според најновите истражувања во врска со навиките за читање, читателите им даваат предност на печатените изданија пред електронските, пишува Forbes.
Компанијата за истражување на пазарот, Ipsos спроведе истражување на барање на Canon U.S.A. со цел да ги поттикне купувачите да користат печатени наместо дигитални медиуми.
Над половина од околу 2.000 испитаници се изјасниле дека го претпочитаат “тактилното искуство“ кога станува збор за книги.
Според Canon, 65% од испитаниците би одбрале печатени, отколку електронски или аудио книги, 29% повеќе ги сакаат електронските изданија, додека најмал процент или 18% се за аудио книги.
Во последните години профитот од аудио изданијата постојани расте, иако сè уште е помал од заработката од другите два типа на книги.
Фото: Pixabay