Истражување на 15.000 телефони: Откриен е брендот со најниска стапка на дефекти

Како што растат цените на паметните телефони, потрошувачите сакаат уред кој не само што е брз и создава квалитетни фотографии, туку е и доволно издржлив за да трае повеќе години без дефекти.
На ова прашање одговорот го дава нова анализа на британската организација за потрошувачи, Which?, која обработила податоци за дефекти на повеќе од 15.000 паметни телефони во период од речиси седум години.

Истражувањето ги вклучува најпознатите брендови на пазарот: „Епл“, „Самсунг“, „Гугл“, „Сони“, „Шаоми“ и други. Резултатите покажуваат дека стапката на дефекти кај повеќето производители е мала во првата година на употреба, но разликите помеѓу нив значително се зголемуваат како што телефонот старее.

stopa kvarova telefoniПо три години употреба, најдобри резултати покажува „уан плус“ со само 3 % дефекти, додека „риалми“ бележи 4 %. „Епл“, „Самсунг“ и „Гугл“ имаат приближно слични резултати, со стапка на дефект од 7 до 8 %.

Податоците по шест години употреба уште појасно откриваат кој ги произведува најиздржливите телефони. Најдобрите три бренда се „уан плус“, „риалми“ и „гугл“, со стапка на дефект од 11 %.

„Самсунг“ бележи 13 %, додека „Епл“ 15 %. Најслабиот резултат го има „Сони“: дури 31 % стапка на дефекти, што е речиси двојно повеќе од водечките брендови. Како и да е, имајќи предвид дека повеќето корисници го менуваат телефонот на секои 2 до 4 години, таквите податоци немаат клучно значење за просечниот клиент.

Заклучокот на истражувањето е дека водечките брендови не се нужно лидери кога станува збор за издржливоста. Покрај тоа, било забележано дека најголем број дефекти, без оглед на производителот, доаѓаат од проблеми со батеријата.