Истражувањето на Марс од далечина станува реалност

29

mars20150121-16Microsoft и NASA ги здружуваат силите за да го направат истражувањето на Марс од далечина возможно, со користење на HoloLens, шлем за виртуелна реалност и неговата холографска технологија.

Програмата е наречена OnSight и е развиена од лабораторијата на NASA во Пасадена, Jet Propulsion Laboratory (JPL). Истата ќе ги користи информациите од веќе стационираниот Curiosity ровер, со кои научниците ќе креираат 3D симулации на Црвенета планета, сето тоа без да ја напуштат канцеларијата.

Планот на проектот е да се овозможи научниците од сите делови на светот, заедно да работат на оваа виртуелна околина на Марс.

HoloLens и холографската програма што Microsoft ја користи, освен 3D рекреациите на површината на Марс, ќе дава информациии за фотографиите, оддалеченоста и други податоци кои ќе им помогнат на научниците да ја проучуваат околината низ “очите” на Curiosity.

Операциите на Curiosity  во кои ќе биде инволвираната OnSight технологијата планирано е да започнат на крајот на годинава.