Италијанскиот милијардер, основачот на Luxottica почина на 87 години

101

Основачот на Luxottica и претседател на компанијата EssilorLuxottica, денес најголемиот дистрибутивен систем во светот на оптиката, почина 87 годишна возраст, во понеделник наутро во Сан Рафаел, Милано.

Леонардо Дел Векио беше италијански бизнисмен и милијардер, основач и претседател на Luxottica, најголемиот светски производител и продавач на очила и рамки, со 77.734 вработени и над 8.000 продавници.

Дел Векио има богатство од 24,1 милијарди долари, што го прави вториот најбогат човек во Италија и 54-от најбогат човек во светот.

Роден на 22 мај 1935 година во Милано во сиромашно семејство, дел од младоста поминал во сиропиталиште и почнал да работи како тинејџер.

Тој во 1961 година основал сопствена компанија Luxottica, снабдувајќи ја оптичката индустрија со компоненти.

Luxottica почна да прави свои очила, дистрибуирајќи ги низ Италија пред да се прошири во Европа преку заеднички вложувања.

Тој ја забележа предноста од партнерството со брендовите за моден дизајн, вклучително и Џорџо Армани, што се разграни во малопродажба и ги грабна трендовските брендови за очила како Ray-Ban, Persol и Oakley.