
Италијанскиот суд соопшти дека ја укина специјалната администрација наметната на индустриската единица на модната група Армани поради работните услови во погоните на нејзините подизведувачи во кинеска сопственост. Оваа одлука дојде откако компанијата ги презеде сите неопходни корективни мерки, објави Ројтерс.
Филијалата на групацијата Армани беше ставена под судска управа на една година во април, откако истрагата откри дека компанијата склучувала поддоговори во Италија на компании во кинеска сопственост кои ги експлоатираат работниците.
Судот во Милано рече дека во текот на изминатите 10 месеци, модната компанија го усвоила потребниот организациски модел и процедури за контрола на добавувачите „Модната куќа исклучително брзо ги решила своите односи со „ризичните“ добавувачи и имплементирала неколку најдобри работни практики кои добиле одобрение од судот.
Според пресудата во април, филијалата „Giorgio Armani Operations“ го отстапила производството на чанти, ремени и кожни производи на две компании, кои за возврат ја доделиле работата на четири кинески компании со работилници на периферијата на Милано, пренесува Танјуг.
Џорџо Армани Операции ја поздрави одлуката во соопштение, велејќи дека двајца од нејзините многубројни добавувачи „ги предале основачките вредности на Групацијата Армани, која никогаш не се стремела сама за профит и никогаш не се откажала од почитта кон работниците и потрошувачите“.