Италијанскиот туризам заработува 27 милијарди евра годишно од модата

26

Италијанскиот туризам годишно заработува 27 милијарди евра од модата, од кои 10 милијарди евра доаѓаат од странски туристи, објави италијанската министерка за туризам Даниела Сантахе.

На отворањето на саемот за облека и обувки во Милано таа изјавила дека 51 отсто од странските туристи во Италија купуваат чевли, пренесува Анса.

„Чевлите станаа симбол за „Произведено во Италија“. Мораме да станеме свесни дека сме најдобри“, рече Сантахе.

Фото: Pixabay