Иван Петровски e новиот директор на Фершпед

161

2632malaИван Петровски е назначен за нов претседател на Управниот одбор на Фершпед. Долгодишниот вработен во компанијата доаѓа на ова место, откако на крајот на март челната позиција ја напушти Штерјо Наков.

Фершпед информира дека за членови на Управниот одбор покрај Петровски се избрани и Драган Наков, еден од синовите на поранешниот директор, потоа Зоран Арнаутов, Цаца Зикова, Зоран Тодоровски и Александар Илијевски.

Тие ќе бидат на челните позиции во период од шест години.

Новиот директор на Фершпед, Иван Петровски поседува 0,11% од компанијата, Драган Наков е сопственик на 11,83% од капиталот, Зоран Арнаутов има 0,02% сопствеништво, Зикова поседува 0,16%, а Тодоровски 0,98%.

На крајот на минатиот месец Фершпед објави дека по 20 години на менаџерските позиции, Штерјо Наков и неговата долгогодишна соработничка Кираца Трајковска ќе бидат членови на Надзорниот одбор на компанијата. Покрај нив во надзорниот одбор се назначени и Виолета Татабитовска, Невенка Ристовска, Леонид Наков и Стојан Настоски.

Штерјо Наков поседува 259 обични акции или 1,43% од основната главнина, Кираца Трајковска поседува 1.925 обични акции или 10,63 %, Виолета Татабитовска поседува 251 обична акција или 1,39 отсто, Невенка Ристовска , поседува 179 обични акции или 0,99 %, Стојан Настовски, поседува 245 обични акции или 1,35 %, додека Леонид Наков – Независен член на Надзорниот Одбор, не поседува акции во друштвото.