
Управата за јавни приходи упатува повик до сите даночни обврзници: поднесете ги ДДВ-04 пријавите и платете го даночниот долг за изминатиот даночен период навреме и одговорно. Крајниот рок за поднесување на пријавите и плаќање на данокот е понеделник, 25 август 2025 година.
До овој момент, само 11% од вкупниот број даночни обврзници ја имаат исполнето оваа законска обврска. Поради тоа, УЈП апелира до сите обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители без одлагање, со цел да се избегнат последични казни и дополнителни финансиски трошоци.
Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата и плаќање на даночниот долг е клучно за:
- усогласување со даночните прописи,
- одржување на финансиската стабилност на деловните субјекти,
- поттикнување на стабилен и развиен економски систем.