Избран новиот гувернер на Народната банка – Трајко Славески на чело на монетарната власт во Македонија

Роден е во Охрид во 1960 година. Посетувал редовни студии на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а на пост-дипломски студии бил на Калифорнискиот државен Универзитет во Чико, САД (1986/87) и на Универзитетот Харвард (1989/90). Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1983 година, а магистрирал и докторирал на истиот факултет во 1988 и 1997 година, соодветно. Во неговите полиња на професионален интерес спаѓаат: микроекономија и макроекономија; политичка економија на транзицијата и приватизацијата; бизнисот и владата (државата); економските и социјалните функции на државата; економика на работната сила; економика на корупцијата и организираниот криминал.