
Најголемиот светски онлајн трговец Amazon значително ги зголеми приходите и профитот во последниот квартал од минатата година, но послабите изгледи за раст на приходите во тековниот квартал ги разочараа инвеститорите и предизвикаа пад на акциите за повеќе од пет проценти.
Амазон оствари приход од 187,79 милијарди долари во последниот квартал од 2024 година, десет отсто повеќе од минатата година, како и заработка по акција од 1,86 долари, бидејќи профитот речиси двојно се зголеми на 20 милијарди долари, пренесува CNBC.
Аналитичарите во LSEG предвидуваа приходи на Amazon од 187,30 милијарди долари и заработка по акција од 1,49 долари, се додава во извештајот.











