Изговори што не треба да ги користите на работното место

37

docnenje-pexels

Фото: Pexels

Постојат оправдувања за коишто има време, место и разбирање. На секој од нас му се случува да не биде во можност нешто да заврши од оправдани причини. Но, доколку изговорите поминат во навика, останатите во канцеларијата ќе го забележат тоа и работите ќе тргнат наопаку. Затоа, трудете се да ги елиминирате овие фрази од вашиот речник кога сте на работното место.

Не знам како да го направам тоа

Вие сте професионалец и не смеете да употребите фрази од типот “не знам како, не умеам” и слично. Тоа е еден од најлошите изговори што може да ги дадете на работното место. Со таква констатација само ќе направите лошо за себе и ќе добиете многу негативни поени кај сите. Сосема е разбирливо ако не знаете нешто и ако веднаш побарате помош и објаснување. Она што не е дозволено е само да ги кренете рамената и да не преземете ништо.

Чекам да ми се јават

Овој изговор само кажува дека се обидувате да одолговлекувате од некоја причина. Сепак, не смеете да кажете дека не работите зошто чекате некој да ви се јави. Честопати ова е изговор на оние што веќе го поминале крајниот рок до кога требало да ја завршат задачата/проектот. Прво, лошо би било вашиот претпоставен да дознае дека рокот поминал поради некоја личност “што требало да се јави”. Морате до последен момент да се обидувате да стапите во контакт со луѓето кои се инволвирани во проектот. Едноставно не смеете да се откажете.

Имам ужасна главоболка

Не сте доволно подготвени за презентацијата или не сте ја завршиле неделната задача. Ако не работите професионално ќе посегнете по лоши изговори и ќе го обвините вашето тело, како на пример, лоша главоболка и слично. Тоа можеби ќе ви заштеди некој час, но сепак ќе морате до крајот на денот да го завршите планираното. Ваквите изговори помалку се проѕирни и најдобро ќе биде да не ги користите.

Не знам од каде да почнам

Да кажете дека немате идеја од каде да започнете е исто како да кажете дека не умеете да ја завршите задачата или дека одбивате. Веројатно во половина случаи нема да знаете од каде да почнете, но ако сте професионалец ќе најдете начин како сето тоа да го изведете. Ќе побарате помош од колегите, ќе прочитате некоја статија и слично. Можности постојат, ваша задача е да ги истражите и искористите во своја полза.

Имав гости за викендот

Понекогаш ќе биде побарано од вас да завршите нешто до понеделник и најлош изговор што може да го дадете во овој случај е да кажете дека сте имале гости дома и затоа не сте успеале. Слично како изговорот со главоболката и овој нема да ви помогне, напротив ќе заработите само негативни коментари и мислења за вас. Ќе добиете репутација на неодговорни и незаинтересирани и доколку продолжите со вакво однесување може да добиете и отказ.