Излет во природа во Хрватски шуми чини 160 денари, возење велосипед 80 денари

19

hr

Според најновиот ценовник на Хрватски шуми, дневен излет чини 162 денари, а фамилијарната тарифа е 324 денари. Возењето велосипед чини 81 денар, додека фамилијарна дозвола за користење на велосипедските патеки чини 162 денари, пишува хрватскиот портал Индекс.

Во ценовникот се ставени и дозволи за спортски активности како пеинтбол (2.000 денари по група), параглајдинг (400 денари по човек), ориентациско трчање (2.000 денари за група), како и дозвола за користење на површина со пропратни содржини за културни настани (8.100 денари за ден).

Ценовникот не се однесува само на Парковите на природата или Националните паркови, туку на секоја површина под управа на Хрватски шуми.

Хрватски шуми веќе од порано го наплаќа берењето на печурки, костени и други плодови и билки.