Измама во осигурувањето не е кривично дело без жртва – публикација на Insurance Europe

239

Сите осигурителни компании во свовето работење применуваат политика на нулта толеранција кон измами, јасно демонстрирајќи ја својата професионалности посветеност кон проактивна заштита на чесни, одговорни и легитимни деловни операции.

Политиката за борба против измами е заснована на три основни столба: спречување, откривање и истрага на измами. Во оваа насока, осигурителните компании ги применуваат добрите пракси воспоставени во современите меѓународни корпорации и делуваат во согласност со насоките на меѓународните организации како што се ACFE и IAIS.

Трите столбови за одбрана од измами ги опфаќаат сите деловни процеси во борбата против измамите во целиот спектар на своите деловни активности. Како измами во осигурување се третираат случаите во кои одредено лице со цел да наплати надомест на штета од осигурителната компанија намерно ќе уништи или оштети осигуран предмет, ќе склучи осигурување откога штетата веќе настапила, ќе склучи осигурување давајќи неточни или лажни податоци во врска со предметот на осигурување и ќе поднесе лажни податоци или фалсификувани документи.

Токму на оваа тема, Insurance Europe ја објави публикацијата Измамата во осигурувањето не е кривично дело без жртва, каде детално ги презентира и анализира мерките на осигурителните чинители во борбата против измамите во осигурувањето, кои се на второто место во светски размери, веднаш после малверзациите со плаќање данок.

Публикацијата можете да ја погледнете тука.