Извозот на челик и железо од Македонија во ЕУ е намален за околу 35 отсто

Извозот на челик и железо од Северна Македонија во Европската Унија достигна 376 милиони евра во 2023 година, што е намалување за 34,8 отсто во однос на претходната година, покажуваат податоците на Генералниот директорат за трговија и економска безбедност на Европската комисија.

Челикот и железото учествуваат со 5,6 отсто од вкупната продажба на македонски производи на пазарите во Европската унија.

Најголем увозник на македонски производи од жица, железо или челик меѓу членките на Европската унија била Бугарија со 355 милиони евра или 351.505 килограми, што претставува речиси 85 отсто од вкупните количини на овие производи извезени од земјава во Европската унија.