Извршниот директор на Lamborghini: Продажбата на електрични спортски автомобили не оди баш најдобро

Lamborghini сè уште ја одложува целосната транзиција на своите спортски автомобили на електричен погон поради зголемениот скептицизам за технологијата.

„Иако преминот кон електричен погон нема да влијае на самото возење, проблемот се емотивните аспекти, како звукот на V10 моторот на Huracan, бидејќи тоа не може да се повтори“, рече шефот на Lamborghini, Стефан Винкелман.

Марката во сопственост на Фолксваген, исто така, останува отворена за користење е-горива доколку регулативите станат поповолни, пишува The Business Times.

„Спортските суперавтомобили целосно електрични не се нешто што добро се продава. Сè уште е рано и треба да видиме дали и кога тоа ќе се случи“, изјави Винкелман.
И на Мате Римац добро му е позната лошата продажба на електричните спортски автомобили. Тој неодамна изјави дека три години по лансирањето на Невера, продадени се само 50 од планираните 150 автомобили.