
Извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хуанг, официјално започна со продажба на своите акции во технолошката компанија, според документите поднесени до Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC).
Во почетната фаза, Хуанг продаде 100.000 акции на компанијата во две одделни трансакции, заработувајќи речиси 14,5 милиони долари, објави EconoTime.
Тоа е дел од долгорочен план, усвоен во март, според кој Хуанг може да продаде до шест милиони акции, во вкупна вредност од 865 милиони долари, врз основа на цената од 144,17 долари по акција, евидентирана во понеделник, 23 јуни.
Во исто време, тој објави дека наскоро ќе продаде уште 50.000 акции, а останатите до крајот на годината.
Хуанг, дванаесеттиот најбогат човек во светот чиј имот се проценува на 126 милијарди долари, досега продал акции на Nvidia во вредност од повеќе од 1,9 милијарди долари.
Продажбата на акции, пишува Блумберг, не е ограничена само на извршниот директор. Членот на одборот на „Нвидија“, Марк Стивенс, минатата недела продаде повеќе од 600.000 акции за приближно 88 милиони долари.
Стивенс претходно објави дека ќе продаде до четири милиони акции од компанијата овој месец, а веќе го намали својот удел за повеќе од два милиони.