Најголемиот произведувач на генерички лекови во светот, израелска Тева, објави вчера дека нејзиниот извршен директор Џереми Левин поднел оставка и дека привремено ќе го замени финансискиот директор Ејал Дешех.
“Управата и менаџерскиот тим во потполност се посветени на спроведувањето на стратегијата на Тева, вклучувајќи развој на нови спојувања, стратешки аквизиции, заеднички инвестиции и планирано забрзување на програмата за намалување на трошоците на компанијата”, наведе во соопштението претседателот на управата, Филип Фрост, пренесува Бизнис.хр.
Повикувајќи се на неименувани извори, ТВ станицата Канал 2 објави дека Левин и Фрост застапувале различни ставови во однос на спроведувањето на новата стратегија на Тева. Дел од проблемот лежи во спротивставеното мислење за отпуштање на работници во Израел.
Тева најави укинување на 5.000 работни места или 10% од работната сила, забрзувајќи го планираното намалување на трошоци.