Извршниот директор на Водафон ја напушта компанијата: Ја крена компанијата на нозе, но акциите сега тонат

76

Британската групација Водафон објави дека извршниот директор Ник Рид ќе се повлече од функцијата на крајот на оваа година и ќе биде заменет  од шефицата за финансии Маргерита Дела Вале.

За време на неговите четири години на чело, Рид ја водеше мобилната групација низ пандемијата, продаваше средства за да го зголеми фокусот на Европа и Африка.

И покрај промените, акциите сè уште тонат, а групата минатиот месец ги намали прогнозите за целата година.

„Се согласив со одборот дека сега е вистинското време да ја предадам работата на нов лидер кој може да ги надоградува силните страни на Водафон и да ги искористи значајните можности што претстојат“, се вели во соопштението.