Фото: Pixabay
Ако сакате да изградите успешна кариера, тогаш е логично да ги послушате советите на оние што веќе успеале во тоа. Не се станува извршен директор преку ноќ, потребни се години и години да се стигне до таму и сите ќе кажат дека воопшто не им било лесно. Некои од нив започнале од дното во компанијата, а некои смениле неколку компании пред да ја добијат можноста. Сите извршни директори се продавачи – знаат како да се продадат и себе си и своите идеи, убедувајќи ги и вработените и сите околу дека нивните услуги и производи се најдобри. Inc.com пренесува неколку совети од извршни директори за тоа како се напредува во кариерата:
1. Дефинирајте ја целта
“Не можеш да ја видиш целта ако не ти е зацртана. Според позицијата во компанијата, треба да имаш листа на работи што сакаш да ги постигнеш и да се држиш до нив. Ако немаш цел, само ќе луташ околу и нема да стигнеш никаде”.
Џеф Вајнер, извршен директор на LinkedIn
2. Изберете ги вистинските луѓе
“Најголемата грешка што сум ја направил е во изборот на луѓе. Најтешкиот и најкомплексен дел од мојата работа како менаџер е да го изберам вистинскиот човек на вистинско место. Подобро да изгубите повеќе време и да ги најдете вистинските луѓе за тимот, отколку да најдете некој што ќе сака само плата”.
Мишел Ландел, извршен директор на Sodexo
3. Работете повеќе од другите
“Мораш да ги надработиш останатите. Само талентот нема да ти помогне. Најди место каде што навистина сакаш да работиш и работи напорно. Можностите не се укажуваат сами од себе. Мораш да работиш напорно за нив. Колку повеќе работиш, толку повеќе среќа ќе имаш да наидеш на добра можност.”
Џо Екеварија, извршен директор на Deloitte
4. Излезете од комфорната зона
“Кога правиш нешто за што не си подготвен, тогаш одиш напред и растеш. Тоа е моментот кога излегуваш од комфорната зона и се прашуваш како си се нашол во ваква ситуација. Ако постојано го работиш истото што си го работел претходниот ден, не можеш да одиш напред. Мораш да се усовршиш за да си докажеш дека можеш да прифатиш повеќе одговорности.”
Мариса Мајер, извршен директор на Yahoo!
5. Читајте најмногу што можете
Ворен Бафет изјави дека секој ден чита по шест часа за да биде во тек со се што се случува во неговата индустрија или во оние во кои инвестира.
“Колку повеќе знаеш за индустријата или својата професија, толку повеќе ќе можеш да разговараш со своите колеги и побрзо ќе можеш да напредуваш”.
Ворен Бафет, извршен директор на Berkshire Hathaway