Доколку имате домашен миленик, во тој случај грижата за секојдневната хигиена не треба да биде предизвик повеќе, бидејќи на пазарот се појави брендот Јаника. Станува збор за иновативна природна козметика за домашни миленици, што допрва треба да го најде своето место на светскиот пазар. За идејата, развојот на бизнисот, поддршката од Клубот на бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија, за идните планови, зборувавме со Александра Лелов, основач на овој иновативен старт – ап.
БИ: Сопственичка сте на словенечкиот старт – ап Jаника. Со што се занимава вашиот старт – ап, какви производи нудите и по што сте препознатливи на пазарот?
Jаника изработува природна козметика за домашни миленици, со фокус на продукти што помагаат за секојдневната хигиена. Првиот производ со којшто го освоивме пазарот беше Jаника за чисти шепи. По секоја прошетка на миленичето се користи спрејот на шепите и со едно прскање, шепите се чисти, негувани и заштитени, а воедно и го неутрализиран мирисот, што е многу важно кога се шета миленичето кога врне. Спрејот е 100% природен, направен е од кокосово масло, алое вера, витамин Е и етерично масло од лаванда.
БИ: Како функционира спрејот Jаника и какви бенефити има за миленикот и за неговиот сопственик?
Нудиме специјални производи, коишто решаваат важни проблеми на сопственици на домашни миленици. Меѓу нив се: Јаника за чисти шепи по секоја прошетка, Јаника за WC на мачки, којашто докажано уништува 99,9% од бактериите и го неутрализира лошиот мирис, Јаника за чистење и дезинфекција на хабитати на папагали, морски прасиња…
БИ: Со какви предизвици се соочувате како млад претприемач и сопственичка на бизнис на Балканот?
Пазарот е релативно мал, нема голема моќ за купување, а полето на коешто делувам јас, а се однесува на домашните миленичиња, на Балканот сè уште не е толку развиен, што од друга страна претставува голем плус.
БИ: Што за вас и за вашиот старт – ап значи Клубот на бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија?
Бизнисот се разви од една идеја, којашто без помош од бизнис ангелите мислам дека немаше да се реализира. Бидејќи влегувам во посебен сегмент од пазарот, што бара многу едукација на купувачите и промоција за која се потребни и многу пари за маркетинг, а од друга страна правиме производи што се иновативни, засега на пазарот нема слични. Исто така, производите се едноставни за копирање, па од таа причина бев резервирана дали да почнам со продажба без поддршка од бизнис ангелите.
БИ: Според вашата визија, во што ќе се развива стартапот во следните години?
Се надевам дека веќе нема да биде старт – ап, туку профитабилен бизнис што ќе развива иновативни продукти за миленичиња и ќе биде присутен во многу земји во светот.