Јануари ќе биде невообичаено студен: Цените на гасот значително се зголемија

Цените на природниот гас во Соединетите држави денеска достигнаа ново највисоко ниво во последната година, откако се прогнозираше постудено од вообичаеното јануарско време.

Февруарските фјучерси на природниот гас пораснаа за речиси 19 отсто, откако ревидираната прогноза објавена вчера од Weather Company и Atmospheric G2 покажа дека температурите се очекува да бидат под просекот следниот месец, објави CNBC.

Експертите наведуваат дека поради екстремните температури може да дојде до прекини во протокот на производство на природен гас. Ваквите ценовни прогнози за февруарските фјучерси на гасот, кој се користи за затоплување на домовите, следеа откако овој енергетски производ неодамна забележа големи добивки, по скокот од речиси девет отсто во изминатата недела и од околу 58 отсто годинава, пренесува Танјуг.