Јануарската инфлација во еврозоната 8,6 отсто, во ЕУ 10 отсто

34

Годишната инфлација во еврозоната падна на 8,6 отсто во јануари од 9,2 отсто во декември. Во јануари минатата година годишната инфлација изнесуваше 5,1 отсто.

Истовремено, годишната инфлација во Европската Унија изнесуваше 10 отсто, што е мало забавување од декемвриските 10,4 отсто, објави статистичка агенција на ЕУ, Евростат.

Најниска инфлација во јануари има Луксембург со 5,8 отсто, Шпанија со 5,9 отсто, Кипар и Малта со по 6,8 отсто.

Највисока годишна инфлација е забележана во Унгарија од 26,2 отсто, Летонија (21,4 отсто) и Чешка (19,1 отсто).

Споредено со декември, инфлацијата опаднала во 18 земји-членки на ЕУ, а се зголемила во девет.

Најголем придонес во јануарската инфлација имаат храната, алкохолните пијалоци и тутунот со 2,94 отсто, енергијата со 2,17 поени, услугите со 1,8 поени и индустриските производи со 1,73 поени.