Јапонија ќе почне да собира стари телефони за изработка на Олимписките медали

20

tokio

Медалите за Олимписките и Параолимписките игри што ќе се одржат во Токио 2020 година ќе бидат направени од рециклирани мобилни телефони, пишува BBC.

Јапонците ќе може да донираат стари телефони и мали апарати за да се соберат два тони злато, сребро и бронза за изработка на 5.000 медали, а со овој проект ќе се промовира одржливоста и намалување на трошоците. Кутиите каде што ќе се оставаат апаратите ќе бидат поставени во продавници за мобилни телефони од април и ќе останат таму сè додека не се собере потребната количина.

“Проектот што ќе им овозможи на Јапонците да учествуваат во создавањето на медалите е навистина добар бидејќи има ограничување на ресурсите во светот, а преку рециклирањето мислиме на животната средина“, вели спортскиот директор на Токио 2020 Коџи Мурофуши.

Членовите на јапонскиот организациски Олимписки комитет ја предложија идејата пред владините службеници и компании во 2016 година.