Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој вчера објави Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година за мерката 112 Помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност.
Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, обрасците Упатство за корисници, Деловен план и Барање за користење на средства со листата на потребни документи можат да се подигнат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk .
Пополнетите барања се доставуваат по пошта или лично во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Крајниот рок за доставување на барањата за мерката 112 е 18 јуни 2013 година.
Подетални информации заинтересираните можат да добијат во контакт центарот на Агенцијата на тел. (02) 3097-460 или на контакт e-mail адреса [email protected] и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk, како и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството.