Јемен: Хемиски инженер претвора отпад во биогас

92

teapots-1858601_960_720

Фото: Pixabay

Омер Бадохон, хемиски инженер од Јемен креираше уреди што произведуваат биогас добиен од отпад, со цел да обезбеди чисто гориво за готвење, осветлување и органско ѓубриво, јавува Reuters.

Тие ќе бидат тестирани во 1.500 домови во неколку градови, во текот на следните осум месеци.

Инженерот се надева дека ова решение ќе помогне да се намали фрлањето на отпад, што во голема мера е причина за многу разни болести во Јемен, како колера. Уредите што произведуваат биогас можат да се комбинираат со специјални комори за ферментирање и количината на произведен гас од отпад двојно да се зголеми.

Биогасот е обновлив извор на енергија, којшто се создава кога бактериите го разложуваат биоразградливиот материјал во комори без кислород.