Johnson & Johnson ја купува швајцарска Actelion за 30 милијарди долари

32

Американската мултинационална компанија Johnson & Johnson ја купува швајцарската биотехнолошка компанија Actelion за 30 милијарди долари, јавува Reuters.

Преку оваа аквизиција, Johnson & Johnson ќе има пристап до линијата на скапи лекови за ретки болести на швајцарската компанија.

“Ние веруваме дека оваа трансакција ќе донесе огромна вредност на акционерите и на двете компании“, изјави Алекс Горски, претседател и извршен директор на Johnson & Johnson.

Бордот на директори на швајцарската компанија, по неколкунеделни договори, ја прифати понудата на Johnson & Johnson од 280 долари за акција.

Actelion е фармацевтска и биотехнолошка компанија со седиште во Швајцарија, којашто е специјализирана за лекови за ретки заболувања. Johnson & Johnson е американска мултинационална компанија за медицински уреди, фармацевтски и производи за широка потрошувачка.