Компанијата Johnson & Johnson ќе започне со тестирање на експериментална HIV вакцина во САД и Европа во втората половина од годинава, пишува CNBC.
Вакцината, се надеваат, дека ќе понуди заштита од различни видови на HIV вирусот. Според податоците на HIV.gov околу 1,1 милион луѓе во САД и два милиони луѓе во Европа се HIV позитивни. Доколку вирусот не се третира се добива смртоносната болест СИДА од која што значително страда имунолошкиот систем. Луѓето со оваа болест во просек живеат околу три години по нивната дијагноза.
Фармацевтскиот гигант, освен тоа, ќе спроведе и втора фаза од клиничкото тестирање на вакцината во Африка, со којашто ќе бидат опфатени 2.600 жени од пет африкански земји.
Првичните резултати од вакцинирањето се очекуваат во 2021 година.
Фото: Pixabay