Johnson & Johnson планира да го преземе Vogue International за 3,3 милијарди долари

2

Johnson-Johnson-logo-final

Американската компанија Johnson & Johnson планира да плати 3,3 милијарди долари за преземање на Vogue International, пишува USA Today.

Vogue продава шампони, производи за разубавување и нега под брендот OGX, како и препарати за коса од линијата FX и производи за нега на коса од брендовите Proganix и Maui Moisture.

“ Vogue International е посветен на квалитет, иновации и задоволување на желбите и барањата на потрошувачите што е комплементарно со нашите заложби. Во исто време претставува можност за развој на дејноста на Johnson & Johnson поврзана со препарати за нега за коса“, вели Џорџ Мескита, одговорен на одделот за потрошувачи на Johnson & Johnson.

Се очекува аквизицијата на Vogue да се затвори во третиот квартал од годината.