Jubel – туристичка агенција што организира мистериозни патувања

25

travel1Туристичките агенции и интернет страници помагаат во планирање на патувањето, но калифорнискиот старт – ап Jubel нуди поинаков начин на мистериозно патување.

travel2

Со канцеларии во Калифорнија и Мексико и услуги коишто ги нуди во целиот свет, оваа компанија на клиентите им овозможува необичен одмор. Персонализираните патувања Jubel ги прави врз основа на одговорите кои клиентите ги оставаат во нивниот прашалник.

muzej1

Нудат шест патувања: културно, забавно, морско, активно во природа, лежерно во природа и патување како комбинација на сите наведени.

sneg

Откако ќе се избере една од понудените опции, праќаат уште еден прашалник во којшто клиентот треба да наведе кои места би сакал да ги посети, кое време и со каков превоз.

vozКога ќе се направи анализа на податоците, пред патувањето на клиентот му пристигнува запечатен коверт. Во него има карта за патување и информации за хотелот, а откако ќе стигне на одредената дестинација, клиентот добива информации за испланираните активности.